Гол-шоу на Дејан Манасков против Балатонфуреди

Дејан Манасков секогаш кога ќе добие шанса максимално ја оправдува довербата на тренерот Врањеш, што беше случај и на денешниот дуел од унгарскиот шампионат против Балатонфуреди на кој неговиот Веспрем триумфираше со убедливи 39-25.

Во главна улога беше токму македонското лево крило, откако Манасков одигра симултанка против послабиот противник, завршувајќи го натпреварот со девет погодоци. Во рутинската победа на Веспрем Словенецот Маргуч учествуваше со седум гола, додека Анчин пет пати се запиша меѓу стрелците.

Овој триумф беше солидно загревање за огромниот предизвик за Манасков и соиграчите во Лигата на шампионите, гостувањето против актуелниот европски вицепрвак ПСЖ.

Се вчитува...