Гол-шоу на Гуири во новиот триумф на Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј се врати на второто место на табелата откако избраниците на Роберт де Зерби вечерва полесно од очекувањата го совладаа Брест со убедливи 4-1.

Тимот на Брест лани беше најпријатно изненадување во француското првенство, сезонава играше и во ЛШ, но оваа екипа има значителен пад во формата, не успевајќи да им парира на најдобрите тимови во Франција во последните месеци. Доказ за тоа беше и вечерашниот натпревар што мина во знакот на Гуири, извонредниот голгетер на Олимпик кој го забележа својот прв хет-трик за тимот од Марсеј по трансферот од редовите на Ница.

Гуири го отвори резултатот во раната фаза од мечот, гостите успеаја да израмнат, но Олимпик се врати во предност преку Мејсон Гринвуд. Гуири го постигна својот втор гол пред самиот крај на првото полувреме, за потоа во вториот дел да го комплетира хет-трикот, за убедлива победа на Олимпик Марсеј на овој натпревар.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...