Гол-шоу на Сорлот против Реал Сосиедад

Атлетико Мадрид многу полесно од очекувањата стигна до цел плен против Реал Сосиедад декласирајќи го гостинот од Баскија со 4-0 во меч што ќе остане запаметен по неверојатниот настап на Александер Сорлот. Норвешкиот голгетер го одигра својот најдобар меч за Атлетико токму на дуелот со својот поранешен клуб, постигнувајќи четири гола за едно полувреме.

Само единаесет минути му беа доволнии на асот на Атлетико Мадрид да постигне хет-трик, а за да биде уште поимпресивно, Норвежанецот трите гола ги постигна во рок од пет минути.

Тој го отвори резултатот во 7. минута, во 10. минута резултатот веќе гласеше 2-0, а хет-трикот беше комплетиран во 11. минута, на воодушевување на домашните фанови во Мадрид.

Шоуто на Норвежанецот продолжи, па Сорлот до крајот на првото полувреме постигна и четврти погодок, со мајсторски удар сместувајќи ја повторно топката во мрежата на гостите.

Победата беше осигурана, Сорлот во второто полувреме ја погоди и гредата, по што Атлетико рутински го намали темпото на мечот, лесно контролирајќи го резултатот за конечни 4-0.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...