Новата сезона од Супер-лигата во македонскиот шампионат стартуваше со супер-интересна пресметка, откако Вардар јуниор и Радовиш вечерва за 60 минути игра постигнаа вкупно 79 погодоци, за триумф на „црвено-црните“ од 41-38. Во главна улога беше гостинскиот ракометар Ивица Илиев, но ниту неговите 15 гола не беа доволни за Радовиш да избегне пораз на стартот од сезоната.
Натпреварот беше израмнет речиси 50 минути, на полувреме се замина со 21-21, а потоа гостите успеваа да одржат неизвесност се до 34-34. Младите „вардарци“ заиграа нешто подобро во самата завршница, успеаја да се одлепат, а потоа и да ја задржат предноста за заслужена победа.
Дејан Кукуловски со 11 гола беше клучна фигура во победничкиот тим заедно со Крстевски (девет погодоци), додека во таборот на Радовиш најдобри стрелци беа Илиев со 15 и Симиќ со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА