Гол-шоуто на „Монжуик“ без победник, Барселона се спасуваше против Гранада (ВИДЕО)

Барселона успеа да се спаси од незгоден пораз на домашен терен од Гранада, и после две негативи, успеа на крајот да дојде до израмнување во шесте гола на „Монжуик“.

Никој не очекуваше ништо друго освен триумф на Барселона, кој беше најавен во 14. минута од средбата преку Јамал. Меѓутоа Санчез во 43. минута ги шокираше фановите на Барса со израмнувачки погодок.

Шокот беше уште поголем откако Пелистри во 60. минута донесе и предност за Гранада. Меѓутоа Левандовски ја „поништи“ само три минути подоцна. Но, нов шок за Барселона во 66. минута преку Микел кој донесе нова предност за гостите.

Јамал е спасителот за „Каталонците“ и во 81. минута носи второ израмнување и еден бод за Барселона.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...