После четири кола во кои не успеа да запише ниту една победа, екпиата на Лион успеа да слави три бода во мечот против Нант, победувајќи со убедливи 3-0.
Сите три гола паднаа во вториот дел, кога тимот на Лион имаше играч повеќе на теренот, по исклучувањето на Мванга пред крајот на првиот дел.
Тоа го искористи најпрво Абнер Винициус кој донесе предност во 51. минута, а потоа во 70. минута Сатриано зголеми на 2-0 со прекрасен гол со ножички. Истиот играч во 77. минута донесе конечна победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

