Вистинска драма се случуваше на натпреварот меѓу Монако и Баер Леверкузен во 1/8-финалето од Лигата на Европа.
Монако на првиот натпревар на гости во Леверкузен триумфираше со 3-2, но Баер на денешното гостувањето во Монако имаше предност од 1-3 се до 84. минута кога Емболо успеа да погоди за 2-3 и идентичен резултат како од првиот меч.
Главниот судија го продолжи натпреварот за три минути, и токму во последната минута од судиското продолжение неверојатни сцени на терен. Монако дојде до гол преку Диоп за 3-3 со кој оди во осминафиналето од Лигата на Европа, ерупција од задоволство на стадионот, но потоа „ладен туш“ од судијата кој на асистенција на помошникот покажува дека пред голот топката излегла во гол-аут. Набрзо и ВАР покажа дека голот е нерегуларен.
Натпреварот отиде во продолжение, а кога и по двете продолженија од по 15 минути немаше резултатски промени, на крај по изведувањето на пеналите Баер Леверкузен беше поуспешен и го елиминираше Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА