ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Еуфорично беше прославена првата победа на Македонија на ЕП 2026 откако нашите ракометари по голема борба успеаја да слават над Романија со 24-23.
Освоено е третото место, и тоа со три освоени бода кои ни носат и полесен противник во баражот за СП 2027, а згора на тоа ракометарите ќе добијат и убава премија за овој триумф. Имено, Министерството за Спорт вети премија од два милиони денари за секоја победа на Македонија на овој шампионат, сума што ракометарите и стручниот штаб ќе ја поделат за денешниот триумф над Романците.

Министерот Борко Ристовски беше присутен на трибините и на овој натпревар, заедно со Државниот секретар за Спорт, Сашо Огњеновски, давајќи им поддршка на нашите ракометари во арената во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

