Роберт Левандовски ја најави победата на Барселона над Мајорка со погодок во првото полувреме, а токму овој гол беше доволен за полскиот ас да испише историја- вклучувајќи е на листата од Топ 5 најдобри стрелци во лигите во Европа.
Голот на Левандовски со Мајорка беше вкупно 423. во клупската кариера на полскиот ветран со што тој се израмни со легендарниот југословенски голгетер Стјепан Бобек, кој стигна до оваа бројка со погодоцоите постигнати до 1958 година.
Пред Левандовски на оваа листа сега се наоѓаат Јозеф Бикан, Ференц Пушкаш, Кристијано Роналдо и Лео Меси.
Полскиот ас ја прекина серијата без гол во Ла Лига што траеше уште од првиот меч во 2026 година против Еспањол, но овој погодок тешко дека ќе ги промени плановите – Левандовски на крајот од сезонава ќе си замине како слободен играч од „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

