Голчиште кое ептен ретко се гледа: Со „ножички“ од работ на шестнаестникот до перфекција (ВИДЕО)

Ланус на домашен терен славеше над Тигрес со 3-2 во деветтото коло од аргентинското првенство и тоа благодарение на голчиште кое ретко се гледа на фудбалските терени.

Ремек делото го изведе Матео Санабриа кој во 90. минута прими топка на работ на шестнаестникот и се одлучи на потполно неочекуван потег. Шутираше со „ножички“ и совршено ја погоди топката на големо изненадување на целиот стадион. Истата заврши во мрежата па тој стана хит и на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...