ГОЛД КУП: Канада испушти победа пред крајот, Гватемала ја совлада Куба

Ноќеска се одиграа два натпревари во групата Д во Голд Купот во кој Канада изненадувачки одигра само 2:2 против Гваделуп, додека Гватемала ја совлада Куба.

Канада и Гваделуп одиграа интересен натпревар, во кој двете селекции се сменија во водствата. Најпрво водеше гостинот, па потоа домаќинот, за на крајот автогол да го спаси Гваделуп од пораз во 93. минута.

Така Гватемала се искачи на првото место на табелата после првото коло, совладувајќи ја Куба со 1-0. Стрелец на голот беше Лом во 48. минута. Претходно истиот играч промаши пенал во првиот дел.

Се вчитува...