Екипата на Голден Арт стигна до лесна победа во плеј-аутот во машката ракометна Супер лига. На крајот триумф од убедливи 36:23 (полувреме 18:12) и премногу лесно избраниците на Владимир Глигоров стигнаа до триумфот во мечот одигран во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.
Во ниту еден момент не беше загрозена победата на Голден Арт, кој брзо стигна до 4:1, потоа и до 7:2, и само константно ја зголемуваше разликата.
Најефикасен беше Милошески кој постигна 10 голови. Во таборот на гостинот од Радовиш, Трајанов и Марков постигнаа по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА