Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа и втората победа во новата сезона во Суперлигата на Македонија. Во второто коло битолчани на домашен терен славеа над новајчијата Голден Арт со 32-25.
Гостите од Скопје одиграа неверојатно прво полувреме против големиот ривал во кое во текот на сите 30 минути беа во егал, а на полувреме резултатот на семафорот во арената „Боро Чурлевски“ изнесуваше (14-14).
Сепак, тоа беше се од гостинскиот тим. Домаќините уфрлија во повисока брзина и на влез во последните десет минути стигнаа до предност од девет гола (26-17). До крајот само го исконтролираа мечот за конечни 32-25.
Усама Хосни со девет погодоци беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Пеце Рајатовски и Мице Шилегов завршија со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА