Голден Арт славеше со 25-26 на гостувањето против Мулти Есенс во првото коло од Групата Б во Суперлигата на Македониија.
Гостинските ракометари пресудната разлика за победа ја направија во првото полувреме кое го добија со 12-16.
Во вториот дел Мулти Есенс заигра посериозно во одбраната па успеа да ја намали предноста на гостите. Мулти Есенс имаше можност да дојде барем до бод, но на 40 секунди пред крајот Костовски не успеа да реализира зицер, за на крај 25-26.
Најзаслужен за триумфот на Голден Арт беше голманот Даскаловски со 19 одбрани, а Мице Шилегов беше најефикасен со седум погодоци. Кај домашната екипа Виктор Василевски на голот имаше 13 одбрани, а Карасаманакис постигна пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА