Екипата на Бешикташ славеше против Голден Арт со 29-23 во првиот натпревар од Групата А на второто издание на меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Иако Голден Арт имаше израмнети 11-11 на полувремето, сепак Бешикташ беше многу подобар во второто полувреме.
Во вториот меч на турнирот во рамки на групата Б се среќаваат Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.
Свеченото отварање на турнирот е денеска во 17:40 часот во спортската сала „Билјанини извори“, a од 18 часот се среќаваат ГРК Охрид и Олимпијакос. Голманот на Охрид, Бобан Ристевски е оптимист дека и турнирот и настапот на домаќинот ќе бидат успешни.
Турнирот, кој е во организација на ГРК Охрид и под покровителство на Општина Охрид, се игра до 26. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

