Голден Стејт го доведе Порзингис, пропадна планот за Адетокумбо

Преодниот рок за трансфери во НБА-лигата истекува вечерва, па клубовите ги повлекуваат последните потези за формирање на ростерите во пресрет на клучниот дел од сезоната.

Голден Стејт долго време беше поврзуван со офанзива по Јанис Адетокумбо, но „воините“ се откажаа од оваа намера, на крајот успевајќќи да го ангажираат Кристапс Порзингис од Атланта хоукс. Во размена за Порзингис челниците на Голден Стејт во Атланта ги испратија Џонатан Куминга и Бади Хилд, создавајќи простор во својот селари-кап, но сепак недоволно за да можат да го вклучат и Адетокумбо во тимот во текот на оваа сезона.

Голден Стејт исто така се откажа и од Трејс Џексон – Дејвис, кој беше испратен во Торонто во замена за пик од втората рунда на јунскиот драфт.

 

Се вчитува...