Кошаркарскиот клуб Голден Стејт денеска соопшти дека ќе го повлече дресот со број девет во чест на Андре Игудала.
Игудала ќе биде седмиот играч чиј дрес ќе биде повлечен од Вориорс, по Рик Бери (24), Вилт Чембрлен (13), Нејт Турмонд (42), Ал Атлс (16), Крис Малин (17) и Том Мешери (14).
Церемонијата ќе се одржи по натпреварот против Далас на 23 февруари.
„Андре ќе остане запаметен како еден од најпаметните, најмудрите, најуникатните и најуспешните играчи кои го носеле дресот на Вориорс“, изјави сопственикот на НБА клубот Џо Лакоб.
A lasting legacy.
Iguodala, number 9. Forever in the rafters. pic.twitter.com/QRQbRxkifS
— Golden State Warriors (@warriors) January 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА