Стеф Кари ќе паузира најмалку две седмици од кошаркарските терени по повредата што асот на Голден стејт вориорс ја заработи на дуелот со Њу Орлеанс. Деталните лекарски прегледи покажаа дека нема скршеница на повредениот скочен зглоб, но истегнувањето на лигаментите воопшто не е наивно и Кари ќе мора целосно да мирува во следниот период.
„Тој ќе паузира во следните две седмици, кога ќе следи нов преглед. Во зависност од состојбата за 15 дена, ќе решиме дали ќе може да игра или ќе треба да одмори уште извесно време“ – соопштија од лекарскиот тим на „воините“.
Стеф Кари сезонава во просек реализира по 26,3 поени, 6,6 асистенции и 5,1 скокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА