Голден Стејт најмалку еден месец без Крис Пол

Голден Стејт ќе биде значително ослабен во наредниот период откако Крис Пол мораше да замине на операција по фрактурата на левата дланка заработена при триумфот над Детроит.

Веднаш стана јасно дека повредата не е нималку наивна, а по деталните прегледи беше решено Пол да замине на операција, за што поскоро да почне со рехабилитациска програма. Според првичните прогнози, неговата пауза од терените ќе изнесува најмалку еден месец, но лесно може да се случи периодот на рехабилитација да се продолжи.

Крис Пол сезонава настапува по 27,6 минути по натпревар, период во кој бележи 8,9 поени и 7,2 скокови во дресот на Голден Стејт.

Поранешните НБА-шампиони имаат разочарувачка сезона, со скор од 17 победи и 18 порази моментно се наоѓаат на десеттото местово Западната конференција.

Добра вест за тренерот Стив Кер е што во тимот се враќа Дрејмонд Грин, проблематичниот кошаркар кој беше суспендиран на неодредено време од НБА, но сега доби зелено светло за камбек на терените.

Се вчитува...