Голден Стејт настрада во Мемфис, Милвоки победува и без Адетокумбо

Мемфис неочекувано лесно и убедливо го декласираше тимот на Голден Стејт со 131-110 во дербито на Западната конференција. „Гризлите“ беа без својот најдобар играч Џа Морант, чија суспензија се уште е на сила, но тоа не им пречеше да му одржат лекција на актуелниот првак. Мечот беше решен со неверојатниот напад на Мемфис во првата четвртина, во која домаќините постигнаа дури 48 поени и стигнаа до убедливо водство од 48-28. „Воините“ се обидоа да се вратат, но домашните кошаркари знаеја како да го задржат удобното водство и да го претворат во убедлив триумф.

Џонс со 22 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека кај Голден Стејт најдобри поединци беа Кари со 29 и Пул со 22 постигнати поени.

Милвоки и без помошта на Јанис Адетокумбо успеа да слави над Бруклин со 118-113. Милвоки ја доби првата четвртина со 37-20, гостите успеаја да се вратат, но немаа сила за целосен камбек и пресврт на оваа средба. Портис со 28 и Лопез со 24 поени ги предводеа стрелците во победничкиот тим, додека Милс беше најефикасен во таборот на Бруклин со 23 поени.

Резултати НБА:

Детроит – Шарлот 103-113, Индијана – Хјустон 134-125 (по прод.), Орландо – Јута 124-131, Мемфис – Голден Стејт 131-110, Милвоки – Бруклин 118-113, Сакраменто – Њујорк 122-117.

Се вчитува...