Синоќа се одиграа два натпревари од плеј-оф разигрувањето за титулата во НБА. Голден стејт на свој терен славеше против Сан Антонио со 116-101 и на тој начин стигна до водство од 2-0 во серијата.
По неизвесниот прв дел кој им припадна на Спарси со 47-53, Голден стејт во продолжението заигра многу подобро и успеа да стигне до пресврт за победа.
Вориорс до триумфот беа водени од Дурант со 32 поени и Томпсон со 31 постигнат поен, додека Игудала постигна 14 поени. Кај Сан Антонио се истакна Олдриџ со 34 поени и 12 скока.
Во вториот меч, Мајами помалку изненандувачки како гостин победи против Филаделфија со 103-113. Прашањето на победникот беше решено во втората четвртина која гостите ја добија со 13-34.
Мајами на одмор замина со +14 поени, Филаделфија потоа се обидуваше да се врати но залудно.
Најефикасен на мечот беше Вејд со 28 поени, Драгиќ имаше 20 поени а Џонсон – 18 поени. Филаделфија ја предводеа Симонс со 24 поени и Шариќ со 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА