Кошаркарите на Голден стејт славеа на гостувањето против Сан Антонио со 120-108 доаѓајќи на чекор од пласман во големото финале во НБА лигата.
Иако ослабени со неиграњето на Леонард, и од претходно на Тони Паркер, Спарси подобро го почнаа мечот водејќи по 12 минути игра со 33-29. Сепак, Голден стејт во вториот период со серија од 12 врзани поени за три минути се стекна со предност од 49-61.
Во второто полувреме Сан Антонио дојде до негатива и од само три поени (71-74), но тоа беше знак за Вориорси кои го засилуваат темпото и доаѓаат до 80-98 што беше веќе очигледно навестување за победникот на дуелот.
Кевин Дурант го предводеше Голден стејт со 33 поени, дополнето и со 10 скока и 4 асистенции, а го следеше Стеф Кари со 21 поен. Клеј Томпсон постигна 17 поени а МекГи го заврши дуелот со 16 поени.
Кај Сан Антонио се истакна Ману Џинобили со 21 поен, Ламарку Олдриџ постигна 18 поени, а шпанскиот ветеран По Гасол мечот го заврши со 12 поени и 10 скока.
Голден стејт сега води со 3-0 во финалето на Западот. Четвртиот натпревар се игра во вторник од 03 часот по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА