Прашање на време е кога Јанис Адетокумпо ќе стави крај на една ера помината во редовите на Милвоки и ќе ја промени средината со оглед на големото незадоволство кое постои кај грчката ѕвезда.
31-годишникот е подготвен за промена, а подготвени за промени се и Бакс па се разгледуваат опции за „најдобриот“ трејд.
Голема желба на Адетокумпо е да премине во Голден Стејт кој за да стигне до една од најголемите кошаркарски ѕвезди на денешницата е подготвен и да се откаже од „половина состав“.
Доколку дојде до реализација на трејдот, очекувањата се дека на правец кон Милвоки ќе заминат Дрејмонд Грин, Брендон Подзиемски, Џонатан Куманига, Мозес Муди и пет драфт пикови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

