Голден Стејт со „брејк“ го отвори плеј-офот во НБА

Предност од 1-0 во осминафиналната плеј-оф серија има Голден Стејт кој направи „брејк“ на гостувањето кај Хјустон славејќи со 85-95 по нов одличен натпревар на Стеф Кари проследен со 31 поен и 6 скокови. Шенгун со 26 поени и 9 скокови беше прво име кај Рокетс.

Оклахома Сити поведе со 1-0 во осминафиналната плеј-оф серија против Мемфис славејќи со преубедливи 131-80 во првиот меѓусебен дуел на крилја на одличниот Вигинс кој со 21 поен го предводеше својот тим. Во противничкиот табор се истакна Бегли со 17 поени и 5 скокови.

Предност од 1-0 има и Бостон кој со 103-86 славеше во серијата против Орландо. Прво име на средбата беше Банчеро со 36 поени и 11 скокови, додека во зелените редови блесна Вајт со 30 поени.

Кливленд ја потврди фаворитската улога славејќи со 121-100 против Мајами за предност од 1-0. Мичел со 30 поени и 5 скокови беше лидер на домаќините додека Адебајо со 24 поени и 9 скокови прво име кај гостите.

Се вчитува...