Голден стејт со лудо достигнување – 55 поени за една четвртина (видео)

Голден Стејт славеше на последниот меч од регуларниот дел од сезоната, на гостувањето против Портланд со 101-157. Оваа победа сама по себе е импресивна, но ќе остане запаметена неверојатната прва четвртина во која Голден Стејт постигна неверојатни 55 поени за 12 минути игра, апсолутен рекорд на сите времиња во НБА-лигата.

Голден Стејт погоди вкупно 12 тројки за една четврртина, а Клеј Томпсон само во првиот период погоди пет тројки, со што стана само трет играч во историјата што во една сезона ја надминал границата од 300 реализирани удари од далечина.

Се вчитува...