Искусниот американски бек Крис Пол повеќе не е кошаркар на Голден Стејт Вориорс откако тимот од Западната конференција се одлучи да му врачи отказ на 39-годишникот. Со тоа Вориорс „спасија“ 30 милиони долари од буџетот бидејќи легендарниот кошаркар имаше гарантиран договор кој му ја носеше оваа голема сума.
Изминатата сезона беше прва во кариерата на Пол во која во просек не постигна двоцифрен број на поени па и не беше изненадување зошто тимот кој ја одбележа последната деценија во НБА лигата на крајот едвај заврши на десеттото место на табелата.
Покрај Пол ова лето Голден Стејт би можел да го напушти уште една голема ѕвезда. Станува збор за Клеј Томпсон кој и самиот потфрли изминатата сезона што наговестува за нова ера на Вориорс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА