Голден Стејт го повлекува бројот на Клеј Томпсон

За НБА франшизата Голден Стејт Вориорс ова лето донесе крај на една ера откако по 13 години поминати во тимот фантастичниот бек шутер Клеј Томпсон ги промени клупските бои и кариерата ќе ја продолжи во Далас каде ќе има шанса да стигне до трофеј заедно со Лука Дончиќ.

Заминувањето на Томпсон од Голден Стејт ќе биде одбележано и од тимот кој ја одбележа претходната деценија во НБА лигата. Како што објави самиот клуб, бројот 11 кој го носеше Томпсон на грбот ќе биде повлечен од употреба.

Клеј Томпсон беше еден од најзначајните кошаркари во историјата на Голден Стејт со која освои четири шампионски титули, настапи во шест финални серии и пет пати беше одбран на Ол-старот.

Се вчитува...