Голеада на „Олимпико“: Интер ја реши Рома и направи крупен чекор кон титулата во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер направија крупен чекор кон освојување на титулата во италијанскиот шампионат откако вечерва во феноменален натпревар славеа на гостувањето на „Олимпико“ кај Рома со 2-4.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Ачерби во 17. минута. Сепак, до полувремето домаќините направија целосен пресврт со погодоците на Манчини во 28. и Ел Шарави во 44. минута (1-2).

Интер преку Турам во 49. минута израмни на 2-2. Гостите до ново водство (2-3) стигнаа со автоголот на Анхелино во 56. минута, додека конечните 2-4 беа дело на Бастони во 93. минута.

Roma 2-[3] Inter – Marcus Thuram 55'
byu/Meladroitdimage insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...