Можеби фокусот на вниманието во ова 31. коло беше во Струга, каде што се решаваше битката за титулата, но дефинитивно највозбудливиот и најефикасниот меч го одиграа фудбалерите на Работнички и на Брегалница.
И двата тима немаа резултатски императив, освен тоа што сакаа да имаат повеќе бодови на своите конта. Затоа одиграа отворено, без калкулации, а тоа на крајот му се исплатеше на тимот на Работнички.
Брегалница одлично тргна, поведе со 0-2, а потоа Работнички направи брз пресврт. За девет минути постигна три гола и на полувреме замина со предност. Потоа даде и четврти гол за 4-2, а Брегалница се обидуваше да стигне со 4-3, но Работнички „избега“ на 5-3, со што Брегалница повторно намали, но немаше сили да освои бод(ови) од ова гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА