Екипата на Милан е освојувач на вториот „Трофеј Силвио Берлускони“, кој се игра во чест на поранешниот сопственик на „црвено-црните“ од Милано и Монца. Токму овие две екипи втора година по ред играат во чест на човекот кој направи многу и за Милан и за Монца.
Милан беше подобар и славеше победа со 3-1. Головите за „росонерите“ ги постигнаа Салемакерс, Јовиќ и Рејндерс. Салемакерс го совлада голманот на Монца со „рабона“, додека Салемакерс постигна прекрасен гол од слободен удар.
Монца успеа само да израмни на 1-1 преку Малдини, екс играчот на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА