Интересен, возбудлив и крајно неизвесен натпревар се одигра вечерва во Неапол, кој заврши со победа на Аталанта над Наполи со 2:3. Дуел со два пресврти, со многу динамика, темпо, со многу шанси, на крај со „хепи-енд“ за гостинскиот тим.
Аталанта поведе со голот на Малиновски во 7. минута. Израмни Зиелински во 40. минута. Мертенс во 47. минута донесе пресврт за Наполи и водство. Демирал во 66. минута израмни, за Фројлер во 71. минута направи уште еден пресврт за водство на 2-3.
До крајто на мечот шанси имаше Наполи да се спаси од пораз, меѓу нив прилика и Елмас, но не го најде патот до голот. Македонскиот интернационалец го одигра целиот меч.
Наполи со овој пораз го загуби првото место, кое сега му припаѓа на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА