Голеада во Рим: Англија со лекција за Украина, преку убедлива победа до полуфинале на ЕП (ВИДЕО)

Селекцијата на Англија полесно од очекувањата ја совлада фудбалската репрезентација на Украина, па со победа од 4-0 обезбедија пласман во полуфиналето од Европското првенство.

Англичаните ја најавија доминацијата уште на почетокот од натпреварот, а Хари Кејн прв се запиша во листата на стрелци откако беше прецизен во 4-та минута. До крајот на првото полуврeме немаше поголеми возбудувања, па со минимално водство се отиде на пауза од 15 минути.

Второто полувреме донесе вистинска голеада, Хари Мегваер во 46. минута ја зголеми предноста на два гола, а по само неколку минути Англија дојде до водство и од 3-0, стрелец на голот беше повторно Хари Кејн.

До крајот на натпреварот Англичаните ја имаа целосната контрола над топката, а во 64. минута беа поставени конечните 4-0, во листата на стрелци место имаше и за Џордан Хендерсон.

Во полуфиналето од ова ЕП ќе се сретнат репрезентациите на Англија и Данска.

Се вчитува...