Неверојатен натпревар се одигра во Каљари, каде домашниот тим одигра нерешено 3-3 против Џенова. Двата тима се сменија во водството, за на крај мечот да заврши нерешено.
Водеше Џенова со голови на Витиња, а израмни Борели. Потоа Остигард повторно донесе предност за гостите, за да израмни Еспозито. Боррели донесе предност за Каљари, која ја анулираше Мартин во 83. минута.
Удинезе доживеа целосен дебакл на домашен терен откако беше поразен од Болоња со 0-3. Орсолини промаши пенал за гостите, меѓутоа тоа не беше проблем Побега да постигне два гола на стартот од вториот дел, и да донесе предност од два гола за гостите. Бернардески во 94. минута ја запечати победата за Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

