Голеадата во Сан Себастијан за Реал Сосиедад

Реал Сосиедад стигна до првата победа во шпанското првенство откако во 4. коло ја доби голеадата против Гранада со 5-3.

Натпреварот го отвори Кубо со гол во 9. минута, а автоголот на Ле Норманд во 35. минута го изедначи резултатот на 1-1. Сепак на полувремето со предност заминаа домаќините откако во 44. минута по втор пат мрежата на затресе Кубо.

Зубименди донесе предност од 3-1 за Реал Сосиедад во 59. минута, осум минути подоцна гостинската мрежа ја затресе и Баренетеа, а предноста од 5-1 ја донесе Бош со автогол во 76. минута. Боје и Зарагоса со голови во 83. и 99. минута успеаја да го ублажат поразот.

Се вчитува...