Голеадата во Вилјареал заврши без победник (ВИДЕО)

Вилјареал и Атлетико Мадрид одиграа без победник 2-2 во најинтересниот натпревар од 20. коло во шпанската Ла лига. Гостите стигнаа во водство со феноменалниот гол на Анхел Кореа во 10. минута.

Пау Торес во 29. израмни на 1-1, а домаќините до предност ги донесе Морено со гол во 58. минута. Конечните 2-2 ги постави Кондогбија во 68. минута.

 

 

Се вчитува...