Со два суперинтересни меча стартуваше новата сезона во нов формат од второто по ранг европско фубалско натпреварување, Лигата на Европа. АЗ Алкмар на домашен терен потешко од очекуваното славеше над шведскиот Елфсборг со 3-2.
Гостите поведоа со 0-1 со голот на Оума во 23. минута. До крајот на првиот дел домаќините израмнија на 1-1 преку Ван Бомел во 50. минута. Истиот фудбалер стрелаше за 2-1 во 50. минута, додека на 2-2 гостите израмнија во 53. минута преку Хедлунд. Победа за домашниот тим донесе Парот во 74. минута од пенал. До крајот за издвојување е црвениот картон кој го доби фубалерот на гостите Холмен во 86. минута.
AZ Alkmaar [3]-2 Elfsborg – Troy Parrott penalty 74'
byu/Meladroitdimage insoccer
Со идентични 3-2 славеше БОДО Глимт кој направи вистинска сензација против поранешниот европски шампион Порто. Гостите поведоа со 0-1 голот на Омородион во 8. минута. До крајот на првиот дел домаќините направија целосен пресврт (2-1) со погодоците на Хог во 15. и Хауге во 40. минута. Иако играа со фудбалер помалку од 51. минута по исклучувањето на Мата, домаќините успеаја да стигнат и до 3-1 во 62. минута со вториот гол на Хауге. До крајот гостите успеаја само да го ублажат поразот (3-2) преку Гул во 90. минута.
Bodo/Glimt [3]-1 FC Porto – Jens Hauge 62'
byu/Meladroitdimage insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА