Барселона престојното лето може да стигне до големо засилување и тоа по познат рецепт, ангажман на фудбалер беспари откако ќе тргне по потпис на асот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин чиј договор со премиерлигашот истекува на крајот на сезоната.
Тотенхен има опција да го продолжи неговиот договор за уште една сезона, но засега ја нема активирано клаузулата, а ниту пак се водат преговори нова, повеќегодишна соработка.
Каталонците намеруваат да го примамат Кореецот со богат договор, а во полза е и тоа што тој би пристигнал во клубот на лето кога се очекува да бидат надминат финансиските потешкотии кои засега не дозволуваат регистрација на Дани Олмо.
Сон досега настапи на 431 натпревар за Тотенхем забележувајќи 169 голови и 90 асистенции, но неговиот врвен придонес не беше доволен за клубот да се закити со долгоочекуван трофеј.
Во Барселона тој би го добил тоа што не го добива во Тотенхен, борба за трофеи, но и постојан настап во Лигата на Шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА