Голем човек, големо срце: Мбапе донираше за да не прекине потрагата и по пилотот Иботсон

По две недели истрага, британските служби неодамна на дното од морето во Англискиот канал го пронајдоа срушениот авион со кој се превезуваше Емилијано Сала на пат од Нант до Кардиф. Набрзо потоа беше идентификувано и телото на аргентинскиот фудбалер, единствено пронајдено во остатоците од авионот.

Истражителите досега не го пронајдоа и телото на пилотот Дејвид Иботсон. Но, во секој случај, оценките на стручните лица се дека пилотот направил апсолутно се да го спаси авионот и да се избегне пад.

Според основната прва реконструкција на целиот настан, како што пренесуваат англиските медиуми, Иботсон имал контрола над авионот пред падот во море. Утврдено е дека носот на авионот бил исправен за време на падот поради што е пронајден нераспаднат на дното од морето. Доколку ударот бил со врвот тогаш авионот сигурно би се распаднал.

Сепак, сега истрагата по Иботсон би можела да биде прекината затоа што се неопходни дополнителни финансиски средства. Сега се бараат средства од семејството на Иботсон доколку сакаат да продолжи истрагата. Од семејството на пилотот, пак, порачаа дека немаат пари за продолжување на потрагата. За да се огласи семејството на Сала кое информираше дека ќе даде помош за да не се откаже со потрагата се додека не се пронајде и пилотот.

Англиските медиуми пренесуваат дека веќе се собрани 100.000 фунти, а јавноста повторно ја воодушеви офанзивецот на ПСЖ, Килијан Мбапе кој откако најпрво донираше 30.000 евра пред две недели, сега одлучил да донира нови 30.000 евра за да не се запре со потрагата и по пилотот Иботсон. Човек!

Се вчитува...