Голем дебакл: Дамите на Барса со „шестка“ ги исфрлија „кралиците“ од ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерките на Барселона по победата од 2-6 на првиот меч на гостински терен и вечерва постигнаа шест погодоци во победата над најголемиот ривал Реал Мадрид (6-0) во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Путелас уште во 8. минута донесе водство од 1-0 за својот тим. Греам во 16. зголеми на 2-0. Во 27. минута веќе беше и 3-0 со голот на Паредес, а до крајот на првиот дел Пахор стрелаше за 4-0.

Во вториот дел Греам со својот втор гол зголеми на 5-0, додека конечните 6-0 беа дело на Бругтс во 74. минута.

FC Barcelona Femeni [2] – 0 Real Madrid Femenino [8-2 on agg.] – Caroline Graham Hansen 15'
byu/Timely-Zombie9466 insoccer

Се вчитува...