Во пријателскиот натпревар кој служи како подготовка за новата сезона Манчестер Јунајтед славеше со 2-0 против Ренџес. Но, наместо да се говори за триумфот на „црвените ѓаволи“ во фокусот на медиуми и навивачите е големиот гаф кој го направи клупската телевизија.
Имено, по натпреварот новинарката вработена во клупската телевизија во живо говореше со навивачи пред стадионот во Единбург, а еден од они кои говореа пред камерата беше и фан кој ја носеше третата гарнитура на дресови за новата сезона.
Проблемот е во тоа што тој дрес се уште не е службено претставен па новинарката приреди крај на интервјуто порано од тоа што мислеше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА