Во период во кој ривалитетот во толку многу сфери ширум светот ги надминува границите на нормалата, прекрасна вест пристигнува од соседна Србија, каде фудбалерите на Црвена Звезда направија гест со кој го воодушевија регионот.
Српскиот првак славеше на вечното дерби со Партизан со 1-2, за што фудбалерите добија вкупна премија од 200.000 евра, за „црвено-белите“ да решат овие пари да ги донираат за деца кои се борат се тешки болести и на кои им е неопходно лекување во странство.
Од вкупната донирана сума од 200.000 евра, дури половинна заминаа за лекување на Виктор Милетиќ, големиот навивач на Партиза кој боледува од церебрална парализа и од карцином. Милетиќ е фан на големиот ривал Партизан, „црно-белите“ и навивачката група „Гробари“ веќе имаа неколку акции за собирање средства за неговото лекување во САД, но никој не очекуваше таква финансиска инјекција токму од најголемиот ривал во Србија.
Милетиќ дури и беше присутен на трибините на саботонннто дерби, а „црвено-белите“ подадоа рака на вистински начин, покажувајќи дека ривалството и витешката борба се нешто што се води на терен, но кога говориме за човечки животи, тоа е сосема поинаква приказна… Секоја чест за фудбалерите на Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

