Фудбалерот на Манчестер сити, Јаја Туре, заедно со својот агент одлучи да донира 100.000 фунти како помош по актот на тероризам што се случи во Манчестер, на концертот на американската пејачка Аријана Гранд, по кој загинаа 22 лица, а десетици се повредени. Потврдено е и дека бомбашот самоубиец е Салман Абеди, а ИСИЛ ја презеде одговорноста за овој терористички чин.
„Ова што се случи е навистина страшно. Сакам да им искажам сочувство на семејствата на настраданите и во овој момент да дадам поддршка на сите што тоа им е потребно“, истакна Јаја Туре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА