Голем гест на Англичаните: Целата премија од ЕВРО 2020 ќе биде донирана во хуманитарни цели

Англиските фудбалери се херои на нацијата со самиот пласман на ЕВРО 2020, а избраниците на Герет Саутгејт воодушевија и со најновата одлука – целокупната сума за премии што треба да ја добијат за овој шампионат да ја донираат во хуманитарни цели.

Доколку Англија триумфира, фудбалерите ќе поделат 9,6 милиони фунти, а во случај на пораз во големото финале ќе следи премија од 8,5 милиони фунти.

„Наша желба е парите од премиите да бидат префрлени на неколку хуманитарни организации, поврзани со Националната здравствена служба на Велика Британија“, објавија англиските репрезентативци.

Се вчитува...