Џанлуиџи Донарума му го посвети трофејот во Лигата на шампионите на Синиша Михајловиќ.
Пари Сен Жермен конечно испиша историја – и тоа на најубедлив можен начин. Францускиот шампион во финалето на Лигата на шампионите го декласираше Интер со 5-0, освојувајќи го првиот „ушко“ во клупската историја.
Италијанскиот голман брилјираше во текот на целото натпреварување, а финалето само го потврди статусот на еден од најдобрите во светот. Сепак, во моментот на најголемата слава, Донарума не заборави кој прв му подаде рака.
По добивањето на медалот и пехарот, на прашањето дали во тој момент помислил на Синиша Михајловиќ, неговиот прв тренер во Милано, Донарума емотивно одговори:
„Секако, овој трофеј му го посветувам на мистер Синиша затоа што благодарение на него сум тука, тој прв веруваше во мене, ми даде толку многу сила и секако е тренер кој има посебно место во моето срце“, изјави Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

