Голем гест на Дрогба за помош на родната земја во борбата со коронавирусот

Дидие Дрогба ја дава неговата болница во Брегот на Слонова Коска за да и помогне на земјата во борбата со коронавирусот. Болницата која се наоѓа во градот Абиџан би требало да биде центар за третман на заболените од COVID-19. Во Африка државите досега успеваа да ја менаџираат кризата, но очекувањата се дека во следниот период вирусот ќе се шири рапидно.

Потегот на Дрогба во неговата земја е оценет како „патриотски чин“ особено во овој период кога на државата и се заканува голем скок во бројот на заболени. Првиот случај на коронавирус во Брегот на Слонова коска е регистриран на 1. март, досега има вкупно 574 заболени и пет починати.

Болницата во Абиџан е дел од „Дрогба фондацијата“ основана за да помага на здравствените и на образовните системи во африканските земји.

 

Се вчитува...