Голем гест на фудбалерите – „Со тебе сме, Ангеле“

Фантастичен тимски дух владее во македонската фудбалска репрезентација, доказ за тоа е и денешниот гест на фудбалерите, кои победата му ја посветија на долгогодишниот физиотерапевт во националниот тим, Ангеле Милевски.

Тој имаше две семејни трагедии за кратко време, а репрезентативците на најдобар можен начин му искажаа поддршка, посветувајќи му ја денешната победа.

„Ангеле, со тебе сме“, пишуваше на дресот што го истакнаа стрелците на првите два погодоци, Елиф Елмас и Енис Барди, искажувајќи му поддршка на Милевски при тешкиот период.

Се вчитува...