Голем гест на Италија: Полонара повикан како капитен на селекцијата за квалификациските натпревари

Италијанскиот селектор Лука Бјанки, го објави списокот на повикани кошаркари за следните квалификациски натпревари за Светското првенство, а посебно признаение доби Акиле Полонара. И покрај тоа што не може да се приклучи на селекцијата поради болест, сепак, тој ќе биде капитен на репрезентацијата.

Полонара во моментов се бори со леукемија, и беше пуштен на домашно лекување пред само една недела. На списокот има тројца играчи од Евролигата: Процида, Акеле и Тонут.

Селекцијата на „аѕурите“ следните два дуели им се против Исланд на домашен терен и против Литванија на гости.

Се вчитува...