Голем гест на младиот Џонс: Овој гол е за таткото на Алисон

Куртис Џонс одигра уште еден одличен натпревар за Ливерпул, откако младиот фудбалер за врска го постигна својот прв премиерлигашки погодок за оваа сезона. Џонс е еден од оние фудбалери кои максимално ја користат шансата во ситуација кога бројни првотимци на „црвените“ се повредени, а младиот ас ја покажа и својата човечка големина откако по мечот погодокот му го посвети на таткото на Алисон Бекер, кој почина пред неколку дена во Бразил.

Алисон воопшто не се најде во составот на Ливерпул за оваа средба, а Џонс не ја пропушти можноста да му даде поддршка на својот соиграч.

„Горд сум на голот, но ова е погодок посветен на таткото на Алисон. Не знам дали Али гледа во моментов, но ова е за тебе братко, за тебе и за твоето семејство“, изјави Куртис Џонс веднаш по натпреварот.

Се вчитува...