Карл-Ентони Таунс е еден од оние кои успеаја да го подигнат трофејот наменет за победникот на НБА Купот, трофеј кој носи сериозни пари. Кошаркарите на Њујорк Никс успеаја да го кренат пехарот, а дефинитивно најубавиот потег по натпреварот беше дело на претходно споменатиот Таунс.
Тој го донираше целиот свој бонус од финалето на НБА Купот во износ од 530.933 долари на неговата родна Доминиканска Република, и тоа за запоставени деца и семејства.
„Градиме, образуваме деца и им даваме ресурси за да ги остварат своите соништа “, рече Карл-Ентони Таунс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

