Голем хендикеп за Борусија: Капитенот ги скина лигаментите

Борусија Дортмунд во финишот на сезоната во Бундеслигата ќе биде без услугите на капитенот Емре Џан. Дефанзивецот на дулеот со Баерн Минхен ги скина лигаментите на левото колено, и поради тоа ќе паузира долго време, потврди неговиот клуб.

Џан само што се врати на терените отсуствувајќи поради повреда, го чека нова долга пауза.

„Повредата на Емре е исклучително тешка. Не само за него, туку за сите нас. Тој е наш капитен, секогаш го става тимот на прво место и е важен дел од нашиот клуб. Емре ќе ја добие целата наша поддршка во наредните месеци за да може целосно да се опорави.“, рече спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.

Со оглед дека Џан беше дел и од германската репрезентацијата, настап на Мундијалот за него е затворена тема.

Борусија Дортмунд е речиси со обезбедено второ место на табелата и пласман во Лигата на шампионите идната сезона, со оглед дека има негатива зад првопласираниот Баерн Минхен 11 бодови.

Се вчитува...